Connect with us

Фудбал

Навивачите на ПСЖ се радуваат кога Нејмар ќе утне шанса, додека Меси се чудеше (ВИДЕО)

По излегувањето на теренот пред мечот со Бордо вчера, Меси остана шокиран од она што можеше да се види на неговото лице бидејќи никогаш во кариерата не доживеал така да го исвиркуваат навивачите на клубот за кој настапува.
Колку Аргентинецот беше изненаден од потегот на навивачите на ПСЖ најдобро се виде во 20. минута од натпреварот кога парижаните добија слободен удар.
До топката беа Меси и Нејмар, а навивачите на трибините ги исвиркаа како да се на стадионот на најголемиот ривал.
Меси само зачудено гледаше наоколу, а она што особено го шокираше е тоа што навивачите на ПСЖ беа воодушевени кога Нејмар не успеа да постигне гол од слободен удар.