Фудбал
Каталонија на нозе, Меси се враќа дома, егзодус во ПСЖ?!
Парижаните застанаа во осминафиналето на елитното натпреварување, Реал Мадрид и Карим Бензема беа нерешлива енигма. Тоа беше почеток на хаосот во главниот град на Франција.Навивачите збеснаа, играчите беа испратени со свирежи на мечот против Бордо, пред се Нејмар и Меси.
Поради сето тоа се подготвува егзодус на играчи од Париз.
Аргентинецот би можел да биде меѓу првите кои ќе заминат. И ни помалку ни повеќе туку враќање во Барселона – таткото на Меси Хорхе веќе стапил во контакт со Каталонците, упатил неколку повици и сака Лео да се врати во Барса – објави доверливиот новинар Жерар Ромеро.
Меси го напушти „Ноу Камп“ поради финансиски проблеми во клубот, па тоа е едно од главните прашања, но не е единствено.
Барселона со доаѓањето на Чави на клупата подготви нов проект, не е тајна дека го брка и Ерлинг Холанд. Се чини дека Чави е тој кој ќе ја има конечната одлука за евентуалното враќање на Меси.