Фудбал
Македонски фудбалер се евакуираше од Украина, сезоната ќе ја заврши во Софија
Македонскиот фудбалер Ѓоко Зајков од бугарскиот Левски се пресели во украинскиот тим Ворскла Полтава. Сепак, не помина долго, а Русите извршија инвазија врз оваа земја. Иако од почетокот се мислеше дека конфликтот ќе биде изолиран, сепак тој се прошири низ целата држава, па Зајков мораше да се евакуира.
Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во Славија од Софија, каде ќе игра до крајот на сезоната. А, потоа, останува да се види.