Фудбал
Што направи бе човек?! Освојуваше пехари со европскиот великан, а сега на 32 години е непрепознатлив (ВИДЕО)
Има многу фудбалери кои се трансформираат на позитивен начин и го покажуваат своето извајано тело, но има и такви кои се здебелуваат и стануваат непрепознатливи. Пред неколку дена на фудбалот му се врати човек кој своевремено настапуваше за великанот на Стариот континент и освојуваше европски трофеи. Љубителите на фудбалот во Бразил повторно ќе можат да го гледаат Валтер, поранешен играч на Порто со кој ја освои титулата во Португалија, но и Лигата на Европа во 2011 година.
Тогаш беше познат по својот голем потенцијал, а сега на 32 години изгледа тотално непрепознатливо, пред се поради големиот вишок килограми.
Валтер потпиша за тимот на Амазон кој се натпреварува во бразилската Серија Д, а пред неколку дена го забележа првиот настап за новиот тим во четвртфиналето на шампионатот на Амазон против Фаст.
Бразилскиот напаѓач тренираше со новиот тим само два дена, а по натпреварот изјави дека воопшто не е задоволен од својот настап.
По мечот Валтер се пожали на тешките временски услови и дека ќе даде се од себе за да го одведе тимот во полуфинале.
Валтер одигра 33 натпревари за Порто и успеа да постигне 16 голови. Тој исто така беше член на Интернасионал тим кој ја освои Копа Либертадорес во 2010 година. Играше за уште неколку бразилски клубови, а беше член на Порто до 2019 година, по што се врати во Бразил.