Фудбал
Погледнете како Јувентус се „распадна“ за 15-тина минути (ВИДЕО)
Голем фаворит беше Јувентус на мечот со Виљареал на домашен терен, особено што првиот меч заврши 1:1. Се очекуваше Јуве да се пласира во четвртфиналето во ЛШ, но, за само 15-тина минути нивната игра се распадна, па доживеаја убедлив пораз дома пд шпанскиот тим. Морено во 78-ма од пенал погоди за 0:1 и потоа следуваше потоп. Во 85-та Пау Торес зголеми на 2:0, а во втората минута од судиското продолжение нов пенал и 3:0 за Виљареал преку Данџума.