Connect with us

Фудбал

Барселона по мечот со Галатасарај-Сепак „пеколот“ и не е така лошо место (ВИДЕО)

Барселона го совлада Галатасарај во Истанбул со резултат 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Европската лига. Головите за каталонскиот гигант ги постигнаа Педри и Пјер-Емерик Обамејанг, додека за Галатасарај погоди Маркао. Барселона долго ќе ја памети атмосферата во Истанбул. Каталонците се воодушевени од она што го видоа на стадионот на Галата и тоа јасно го кажаа со порака на социјалните мрежи.

Заедно со видеото од исполнетиот стадион, тие рекоа:

„Сепак, пеколот после се, не изгледа така лошо!

На Галатасарај на крајот не му помогна големата поддршка од трибините. Барселона е сепак подобар тим и заслужено се пласираше во четвртфиналето.

Ждрепката за овој дел од натпреварувањето ќе се одржи денеска во 13 часот.