Connect with us

Фудбал

Поради се*с скандал легендата го напушти Ајакс, но веќе има нов клуб

Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс минатиот месец поднесе оставка во Ајакс по скандалот што тој самиот го направи. Овермарс се најде на мета на жестоки критики откако беше објавено дека често испраќал фотографии од своите гениталии на жените кои работат во Ајакс.

“Се срамам. Не сфатив дека ги поминав сите граници, но сега ми е јасно. Се извинувам. За некој на мојата позиција тоа е неприфатливо. Сега е доцна”, изјави Овермарс.

Овермарс веднаш потоа поднесе оставка како спортски директор на Ајакс, а многумина беа шокирани кога дознаа што прави и како ги малтретира жените во клубот.

Сепак, нешто повеќе од еден месец по овој скандал, Овермарс успеа да најде нов ангажман.

Тој денеска ќе биде претставен како нов технички директор на белгискиот Ројал Антверпен, кој одлучи да го ангажира и покрај неодамнешниот скандал. Тој веќе пристигна во Белгија, а денеска и официјално ќе потпише договор со овој клуб.

По потпишувањето на договорот ќе се одржи прес-конференција на која Овермарс официјално ќе биде претставен и потоа ќе се обрати до медиумите.