Connect with us

Фудбал

„Лудило“ во Италија, распродаден „Ренцо Барбера“, билетите на црно и до 1000 евра!

Италијанската влада излезе во пресрет на Фудбалската федерација на Италија, за укинување на ковид правилото за капацитетот на стадионите. Па, така на бараж мечот против Македонија, стадионот во Палермо ќе може да биде исполнет до последното место. Италијанските медиуми пишуваат дека владее огромен интерес, а наводно билетите на црно достигнуваат цена и до 1000 евра. Тоа е неколку кратно повеќе од онаа првична цена која беше одредена од страна на федерацијата, а која се движеше од 10 до 60 евра во зависност од позицијата на трибините.

Последните информации говорат дека сите билети се распродадени и дека во слободна и официјална продажба повеќе нема влезници, па веројатно и затоа цените на црно се многу високи.