Фудбал
Познатиот тренер под жестоки обвинувања за злоупотреба на жени
Поранешниот менаџер на лондонски Челзи и уште неколку познати тимови, Израелецот Аврам Грант (66) е под жестоки обвинувања за сексуална злоупотреба на жени, откако 22-годишната девојка пред неколку месеци јавно ги откри сите гадости кои Грант од неа ги побарал во замена за добра работа.
Успеал да ја убеди да дојде во неговиот стан. “Ми рече да се опуштам и да се соблечам. Мислев дека се шегува. Седнав подалеку од него на каучот и тој ме замоли да се доближам. Тој жестоко ме грабна, не ме пушти, а потоа ја стави својата раката меѓу бутовите „Ја тргнав, а по неколку минути разговор ме фати за врат и се обиде да ме натера да го бакнам“, сведочеше девојката.
„Немав храброст да кажам НЕ. Тој повторно се обиде да ме нападне, а јас плачејќи истрчав во бањата“.
Сега се појавија уште три жени кои исто така тврдат дека 66-годишникот од нив побарал секс за да им помогне да се вработат.
„Во автомобилот ме праша што сум подготвена да направам за парите. Одбив да имам секс со него, а тој ми понуди компромис и орално да го задоволам. Потоа скокна врз мене, имаше насилни односи со мене и јас само зјапав во покривот на автомобилот и чекав да заврши“.
На друга девојка и ветил помош за вработување. Ја поканил во станот и ја искористил нејзината наивност.
“Ме покани во станот, ме одведе во спалната соба и ми ја турна главата кон неговиот пенис. Кога заврши, ми даде околу 300 долари”, рекла друга жртва.
Најмладата девојка која ја искористил имала само 18 години. Таа опиша што се случува.
“Ми испрати фотографии и тврдеше дека е несреќен случај. Ми вети дека ќе ми помогне да набавам канабис и се најдовме на бензинска пумпа. Веднаш ми се нафрли. Сфатив дека нема намера да ми помогне. Успеав да го оттурнам, ја отворив ја вратата и избегав. Влегов во автомобилот, се заклучив и потоа го видов како си оди“, истакна таа. За овие наводи се огласи и Аврам Грант. Тој негира се.
“За жал, оваа програма по втор пат го прикажува мојот приватен живот, игнорирајќи ги сите докази. Важно ми е да кажам дека мојот однос со жените отсекогаш бил доброволен и никогаш не сум сакал некого да повредам. Жал ми е ако некој се чувствува повреден “, рече Грант.
Освен во Челзи, израелскиот тренер работеше и во уште неколку англиски клубови, но и во белградски Партизан.