Connect with us

Фудбал

По 12 години, на теренот се враќа некогаш најскапиот фудбалер на светот

Познатиот бразилски фудбалер и некогаш најскапиот играч на светот, 44-годишниот Денилсон, донесе одлука да се врати на терените.
Човекот кој Бетис го плати нешто повеќе од 31 милион евра во 1998 година, што го прави најскапиот фудбалер на сите времиња во тоа време, се враќа по пауза од 12 години и ќе игра во бразилскиот нисколигаш Ибис.
-Можам да кажам сега. Официјално е. Решив да му се вратам на фудбалот после 12 години и од денеска сум фудбалер на Ибица. Одиме“, напиша Денилсон на Твитер.
Иако важеше за нова голема ѕвезда на бразилскиот фудбал, Денилсон не го оправда статусот најскап на светот. До 2005 година играше добро во Бетис, но никогаш не експлодираше.
По заминувањето од Севиља смени многу клубови. Играше во Бордо, Ал Наср, Далас, Палмеирас и Кавала, каде одлучи да ја заврши кариерата во 2010 година.
Во претходниот период работеше како ТВ аналитичар во една бразилска телевизија, но овој некогаш чудесен дриблер не можеше да ја одбие поканата да му се врати на фудбалот.
Прашање е само колку магија остана во неговите нозе, со оглед на тоа што не играше 12 години.