Фудбал
Пандев пред мечот со Италија: Можеш да ја победиш Германија, а да загубиш од Андора, тоа е балкански менталитет, но јас верувам во овие момци!
Во интервју за „Газета дело спорт“, Горан Пандев зборува за мечот што утре ја чека Македонија, која ќе се соочи со Италија во плејофот за Светското првенство.
Македонија може да се каже дека подобро игра со големите имиња, а Германија го знае тоа, забележува новинарот на Газета дело Спорт, а Пандев со одговор:
-Поголемо внимание, поголема мотивација, сите сакаат да играат добро против шампионот. Балканскиот менталитет е овој- можеш да ја победиш Германија и да загубиш од Андора, вели Пандев.
Што би му рекол на тимот пред овој плеј-оф со Италија?
„Пред да го одиграме натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, се погледнавме меѓусебно и си кажавме: Само ние можеме да промениме нешто и да го израдуваме нашиот народ. Момците кои се денес овде, горе-долу ќе го направат истото.
За отсуството на Елмас
-Штета, можеби тој е најсилниот во нашиот тим и добро ги познава Италијанците. Ќе ни недостига, вели Пандев.