Connect with us

Фудбал

Легендарниот тренер Фабио Капело одговори дали Македонија може да и направи проблеми на Италија?!

Македонија утре вечер со почеток во 20:45 часот гостува на Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на СП во Катар. Легендарниот тренер Фабио Капело беше запрашан за анализа на овој меч, односно противникот на Италија. На прашањето дали Македонија може да и направи проблеми на „Аѕурите“ Капело одговори:

-Ајде подобро да кажеме дека Македонија мора да се победи. Ние мораме да победиме во тој натпревар. Верувам дека ќе ја победиме Македонија ако ја покажеме желбата и скромноста која не красеше од почетокто до крајот на Европското првенство. Македонците се добар тим и секоја чест за нив, но не смееме да мислиме дека тие можат да не спречат да одиме на СП. Едноставно немаме право на грешка во овој натпревар. Вистинскиот наш ривал ќе биде во финалето од баражот во селекциите на Португалија и Турција, изјави Капело.