Фудбал
Поранешниот македонски селектор им посака среќа на „Рисовите“: Еднаш покажавме дека можеме против Италија
Игор Ангеловски, поранешен селектор на Македонија, со кој нашата репрезентација го направи најголемиот успех во историјата, а тоа е пласман на ЕП им посака среќа на репрезентативците. Како што вели тој на социјалните мрежи, еднаш покажавме дека можеме против Италија.
-Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелниот Европски шампион. Сакам да Ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа, порача Ангеловски.