Connect with us

Фудбал

Ако ништо друго, нека се повтори Торино, како Македонија ја мачеше Италија во квалификациите за Светско првенство (ВИДЕО)

Македонија и Италија ќе играат полуфинален бараж меч на патот до СП. Победникот од вечерашниот дуел ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Португалија и Турција. Мечот се игра вечерва во Палермо со почеток во 20:45 часот.

Овие две селекции веќе еднаш се сретнаа во 2017-та година во квалификациите за пласман на СП во Русија 2018-та. Во Торино резултатот на крајот беше 1:1 кога Македонија навистина ја намачи Италија.

Нешто слично беше и во Скопје, неколку месеци претходно во првиот меч помеѓу овие две селекции во квалификациите за СП. Италија, поведе, а потоа Македонија за кусо време направи пресврт и водеше со 2:1, но сепак за жал до крајот примивме уште два гола, од кои едниот во судиското продолжение кога погоди Имобиле за победа на Италија 2:3. Ако, ништо друго вечерва нашите момци можат да ја изнамачат Италија. Секако сите веруваме во победа, во чуда, па така е и вечерва. Голем фаворит е Италија на овој дуел, сепак не секогаш фаворитите победуваат. Македонија секогаш против големите противници игра добро, а последен пат тоа го покажа против Германија кога славевме како гости со 2:1.