Фудбал
Денеска ѕвезда на Барселона, а Реал Мадрид го отфрли како „партал“
Каков неуспех на кралевите, како си го дозволија тоа?
Младата ѕвезда на Барселона, Педри откри дека во тинејџерските години бил на проба во Реал Мадрид, но му било кажано дека не е доволно добар за шпанскиот гигант.
Тренираше во кампот на „Кралевите“ три дена, но не доби посериозна можност, па летото 2020 година потпиша за Барселона.
– Бев во Реал Мадрид неколку дена и не можев да тренирам бидејќи имаше снег на теренот. Тренирав три дена, еднаш требаше да играм, но ме испратија да тренирам со резервниот тим. На крајот ми рекоа дека не сум на потребното ниво за да можам да останам во Реал. На почетокот не сакав да ме одбиваат, но тоа ме мотивираше да продолжам да работам напорно за да дојдат добри работи во иднина, рече Педри, додавајќи:
– Сега сум во Барселона каде што сакам да бидам. Не се сеќавам на личноста која ми кажа дека не сум доволно добар. Сега би му рекол дека уживам во Барселона, вели тој.