Фудбал
Бејл во Реал Мадрид повреден, не игра, но за Велс постигнува евроголови (ВИДЕО)
Герет Бејл уште еднаш покажа дека не му се игра во Реал Мадрид. Постојано извештаите говорат дека е повреден, дека има проблеми, дека не е спремен доволно, но затоа пак во репрезентативниот дрес постигнува евроголови. Тој беше стрелец на два гола во победата на Велс над Австрија со 2:1 и пласманот во финалето во баражот за СП, а особено прекрасен беше првиот од слободен удар.