Фудбал
Бернандо Силва: Македонија е дефанзивно силна, знаеме дека ќе ни создаде проблеми!
Македонија утре вечер со почеток во 20:45 часот на „Драгао“ и гостува на Португалија во рамките одбараж финалниот меч за пласман на СП. Бернандо Силва, еден од подобрите во португалскиот состав вели дека Македонија и силна во дефанзивата, а исто така ефикасна во нападот. Додава дека имаат респект, но очекуваат победа и пласман во Катар.
Што очекувате од Македонија:
-Навистина не знаеме што да очекуваме. Веќе имавме можност да видиме некои моменти од нив. Знаеме дека се агресивен тим во дуелите, кои секогаш се обидуваат да играат со топката, вели Бернандо Силва.
Силен противник дефанзивно и ефикасен во нападот.
-Се разбира дека е можно да се спротивставиме на овие силни страни и на тоа ќе работиме. Тие се дефанзивно силни, компактен тим. Знаеме дека имаме тешка задача пред нас, но ние ќе дадеме се од исебе за да го совладаме противникот за кој знаеме дека ќе ни создаде некои тешкотии, вели Бернандо Силва.
Поголем притисок поради противникот Македонија?
-Не, никако. Поради одговорноста да бидеме присутни на Светското првенство значи дека, без разлика на противникот, секогаш го имаме тој притисок. Притисокот од пласманот во Катар постои и ние го прифативме. Совршено знаеме дека мора да се пласираме на СП, вели Силва.