Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Баерн Минхен во солзи, репрезентацијата по 36 години оди на Светско, а тој останал дома (ВИДЕО)

Синоќа Канада на домашен терен ја победи Јамајка со 4-0 и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар. Канаѓаните за прв пат ќе играат на Светско првенство по 1986 година кога играа во Мексико, што доволно говори за подвигот што успеа да го направи оваа генерација на канадската репрезентација.

Во селекцијата на Канада синоќа го немаше Алфонс Дејвис, кој секако е најдобриот играч на оваа екипа, но левиот бек на Баерн од својот дом го следеше натпреварот на својата репрезентација и на одличен начин го прослави.

Откако судијата означи крај на натпреварот, Дејвис заплака, а сето тоа го сними во живо на социјалните мрежи. Сигурно дека најтешко му било што не може да биде со својата репрезентација и да слави голем успех со соиграчите.

Дејвис веќе неколку месеци е надвор од терените бидејќи имаше проблеми со срцето, но полека се враќа на тренажниот процес и сигурно наскоро повторно ќе го видиме на теренот.