Connect with us

Фудбал

Судбина ли е што ли е? Судијата кој го судеше мечот со Грузија, по кој се пласиравме на ЕП, ќе го суди историскиот меч против Португалија

Главен судија на историскиот меч против Португалија, утре вечер за пласман на СП во Катар ќе го суди Англичанецот, Ентони Тејлор. 43-годишниот судија, роден во Манчестер е среќен за Македонија. Имено, токму овој судија ја делеше правдата на мечот од плејофот во Лига на нации против Грузија кој се одигра на 12-ти ноември 2020-та година, а кој го добивме со 1:0 со голот на Горан Пандев, по кој Македонија обезбеди пласман на ЕП за прв пат историјата. Дали е судбина или што ли е, останува нејасно, но она што посакуваме е секако ист епилог и развој на настаните против Португалија како на мечот со Грузија.