Фудбал
Француски медиуми: Можеме да се обложиме дека утре многумина ќе доцнат на работа, со мамурлак или без, но со два збора во главите: НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Францускиот печат му посвети големо внимание на елиминацијата на Италија за светското првенство, но специјализираниот интернет портал за фудбал „Со Фут“ има друга анализа на настанот: Ако поразот од Италија во баражот предизвика да истече многу мастило, сепак не треба да се занемари подвигот што го постигна победникот од минатиот четврток: Северна Македонија. По првото евро во својата историја одиграно летоска, малата балканска република е на само чекор до игра на првото Светско првенство. А тоа носи одредена доза свежина.
Триесет и два шута спрема четири. Без ниту една јасна прилика, еден гол. Кога би се користел јазикот на клишеата, ова се нарекува демонстрација на реализам. Откако го претрпе законот на Италија 90 минути и прашина, Северна Македонија им пркосеше на сите прогнози благодарение на Александар Трајковски и неговиот лебдечки удар што го распна Џанлуиџи Донарума и со него 60 милиони Италијанци кои ќе го поминат своето второ Светско првенство по ред чекајќи го следното. Сурово за актуелниот европски шампион, Голијат сертифициран од 100% од обложувалниците на планетата Земја. Некои ќе кажат страшно разочарување, други ќе одговорат дека тоа е славната спортска неизвесност. Во секој случај, сите очи ќе бидат вперени на страната на чизмата. Ова може да се разбере, но штета е, бидејќи ќе се заборави дека покрај поразениот, на крајот од оваа средба имаше и победник: Северна Македонија, пишува „Со Фут“.
Веќе крунисана со престижна победа против Германија на нејзината земја во март 2021 година (1-2), поранешната југословенска република даде имиџ на земја во подем. Во секој случај, од фудбалски аспект. Затоа што во останатиот дел од земјата не можеме баш да кажеме дека е време за забава. Помеѓу стапката на невработеност од 16%, оставката на премиерот Зоран Заев, во комбинација со дипломатските тензии со соседна Бугарија кои ризикуваат дополнително да ја попречат процедурата за пристапување на земјата во Европската унија и, пред сè, неодамнешниот попис кој откри дека 10% од населението емигрираше во странство во последните 20 години, не можеше искрено да кажеме дека Северна Македонија е во форма. Како и често, фудбалот дојде како мелем на рана, а кампањата на црвените лавови (рисови) на Еврото беше доказ за тоа, и покрај нивната елиминација во првото коло (со почести, да се потсетиме), дава геополитички-спортски потсетник франкофонскиот интернет портал.
Оттогаш, бран сомнежи ја обзедоа оваа земја и покрај тоа што нема излез на море. Почнувајќи од прашањето за наследувањето на Горан Пандев (38), народен херој меѓу народните херои и кој на маргините на Евро 2021, рече дека ќе ја закачи капитенската лента, делумно за да го отстапи својот трон на помладата генерација. Човекот кој ја подигна својата татковина подобро од кој било, тогаш ги остави своите неискусни соиграчи речиси сираци, а тие ќе треба да се надминат себеси за да не паднат повторно во бездната на светскиот фудбал. И да искористам уште едно клише, знаеја дека немаат шанса, па ја искористија. Германија во меѓувреме се сети дека е спортски над ждрепката во групата Ј на дофат, на црвените лавови им остана само да го бараат ова второ место синоним за плеј-оф. По трите последователни нерешени средби против Ерменија, Исланд и Романија, Северна Македонија успеа со своетот мано-мано против фаворитот и покрај логичниот пораз од Националманшафт. Вечерта на 14 ноември 2021 година, по последниот епски успех против Исланд на националниот стадион „Тоше Проески“ во Скопје (3-1), правото да се сонува малку повеќе се доби благодарение на мала бодовна разлика со романските Триколори.
За жал, ремито на Италија, згора на тоа надворешно, донекаде го намали ентузијазмот. Како можеш да му оддадеш почит на неодамнешниот европски првак кога имаш голман кој ги брани шумите на Рајо Ваљесано, губитнички бранител кој Лидс го избрка за Саудиска Арабија и играчи кои играат во првенствата на Европејците од втор ред (Хрватска, Словачка и Унгарија да именуваме, неколку и, се разбира, без непочитување)? Едноставно е, ги земаме М… и ножот и одиме со храброст. На минското поле во Палермо, „Црвените лавови“ играа фер, ја заклучија одбраната, пред дефинитивно да влезат во главите на противниците, до тој степен да ги натераат да се сомневаат, да не речам да им станат одвратни. И бидејќи последното клише, ветувам, сè оди многу брзо во фудбалот, потребно беше само искра во последните моменти, лебдечки удар предизвикан од единствениот Македонец кој веќе играше на овој тревник, за Давид да го собори колосот со стапала од глина, продолжува сликовито „Со Фут“.
Останува само да се погоди Португалија на Кристијано Роналдо, финалист на овај очекуван плеј-оф и навистина присутен, за да продолжи да се пишува една од најголемите одисеи на европскиот фудбал во последните години. Во меѓувреме, бидејќи оваа победа против Италија претставува огромно достигнување и здив во спортот во кој изненадувањата стануваат се поретки, можеме да се обложиме со неколку денари на тоа, од Скопје до Битола, од Охрид до Струмица, од Струга до Куманово, од Тетово до Прилеп ќе бидат многубројни сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и други кои ќе доцнат на работа утре наутро, со или без мамурлак, но со два збора кои многу силно ќе одекнат во нивната глави: НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!