Фудбал
Панчев: Импресиониран сум од Милевски, со заминувањето на Пандев повеќе се развиваат други играчи
Легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал Дарко Панчев, вели дека е импресиониран од работата на селекторот Благоја Милевски и порачува дека веднаш треба да му се даде нов договор.
-Импресиониран сум од она што го прави Милевски, работи со еден одличен концепт, да бев јас претседател веднаш ќе му понудев нов четиригодишен договор“, изјави Панчев.
Панчев со интересен одговор на прашањето дали доколку Пандев беше во составот синоќа против Португалија, резултатот би бил ист.
Неспорен е придонесот на Горан Пандев за Македонија, тој го постигна голот против Грузија со кој се пласиравме на ЕП, но и кога бил тука сме губеле од Андора во минатото. По неговото заминјување во пензија, играчи како Елмас, Барди и Адеми може повеќе да се развиваат“, смета македонската фудбалска легенда.