Connect with us

Фудбал

Македонија со скок од три места на ФИФА листата

Скок од пет позиции бележи македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА објавена денеска.

„Црвено-жолтите“ март го завршуваат на 62. место, односно пет места погоре во споредба со рангирањето на 10 февруари. Напредокот се должи на победата над Италија пред една недела во Палермо.

Од противниците на Македонците во Лигата на нации, најдобро пласирана е Бугарија (73. место), Грузија е 85-та, додека Гибралтар се наоѓа на 203. место.

Во ТОП 10 репрезентации се: Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.