Connect with us

Фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина на конгресот на ФИФА се јави од фронтот (ВИДЕО)

Сведоци сме дека голем број украински спортисти се одлучиле да облечат униформи во изминатите месец и повеќе и да ја бранат својата држава. Да остане во својата татковина и да ја брани, одлучил и првиот човек на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко. Поради тоа, тој не присуствуваше на конгресот на ФИФА, туку преку видео врска се јави директно од фронтот.

-За жал не можам да бидам со вас зашто повеќе од еден месец ја браниме нашата земја од агресијата на Русија. Добивме лоши вести во овој период, фудбалот е во втор план зашто луѓе секојдневно гинат. Јас сум благодарен на фудбалската помош на Украина, луѓето од фудбалот и од организациите се тука за нас, благодарам за сите хуманитарни акции – Украина ви е благодарна, изјави Павленко и доби аплаузи и овации.