Фудбал
Како навивачите на Борусија Дортмунд го прославија враќањето по 763 денови (ВИДЕО)
Спектакл на трибините, но на Борусија Дортмунд не и оди најдобро на теренот. Борусија заостанува девет бода зад лидерот Баерн и се чини дека вечерва полека се збогува со титулата бидејќи во 28. коло загуби од Лајпциг со 2-0.
Фудбалерите на „Милионерите“ целосно потфрлија токму сега, кога на трибините се создаде спектакуларна атмосфера, бидејќи навивачите на Борусија долго го чекаа овој ден.
Имено, поради мерките против коронавирусот, “Вестфален беше“ празен во изминатите 763 дена.
Познато е дека навивачите на Борусија се меѓу најдобрите и најверните во светот, а сцената од “Вестфален“ вечерва кажува се.