Фудбал
Што кажа Спалети за денешниот гол на Елиф Елмас (ВИДЕО)
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги пофали своите избраници за пристапот на денешниот дуел со Аталанта на гостински терен. Наполи победи со 3:1, а стрелец на третиот гол во 81. минута беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
– Се бориме за првото место. Поради ова тимот мора да ја има психологијата на победниците. Немаме право да се опуштиме. Неопходно е да се стремиме кон победа секоја минута. Аталанта покажа добар фудбал. Противникот не притисна до голот во вториот дел. Но, токму тогаш играчите на Наполи покажаа карактер. Очигледно беше дека резултатот од 2:1 не гарантира победа. Добро е што Елмас погоди и ни ја олесни работата до крајот, изјави Спалети.
Наполи е втор во табелата во Серија А со 66 бодови од 31 натпревар, зад водечкиот Милан кој има исто така 66 бода, но и натпревар помалку. Аталанта остана со 51 бод и се наоѓа на седмата позиција