Connect with us

Фудбал

Анчелоти сепак ќе биде на клупата на Реал Мадрид против Челзи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше негативен на последниот тест за коронавирус и ќе го води својот клуб од клупата на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи во Лондон.

Анџелоти за прв пат беше позитивен минатата недела, па го пропушти првенствениот натпревар против Селта во Виго, кој Мадрид го доби со 2:1.

Клубот сега објави дека италијанскиот стручњак добил негативен резултат од тестот и полетал за Лондон, каде ќе му се приклучи на тимот.

Дуелот на Стемфорд Бриџ започнува во 21 часот.