Connect with us

Фудбал

Најсрамниот рекорд на Диего Симеоне откако е наклупата на Атлетико Мадрид (ФОТО)

Очекувано, избраниците на Диего Симеоне беа дефанзивни на гостувањето кај Манчестер Сити, а често можевме да ги видиме како играат одбрана со два блока од по пет играчи.

Гостите сакаа добар резултат пред реваншот, а за нив тоа сигурно би било нерешено на „Етихад“. Сепак, Диего Симеоне синоќа успеа да го постави најсрамниот рекорд откако беше тренер на „јорганџиите“.

Граѓаните беа доминантна екипа во текот на целиот натпревар, а избраниците на Симеоне во 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, што досега не им се случило под водство на аргентинскиот стручњак.

Исто така, ова е првпат во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите, тимот да не постигне гол на еден натпревар.

Другите статистики за гостите се исто така многу лоши. Тие не изведоа ниту еден удар од аголот, имаа само 32 проценти посед на топката и разменија дури 400 додавања помалку од домаќините. За споредба, Манчестер Сити упати 15 шута и 702 пати направи прецизно додавање.

Реваншот се игра во среда на 13 април од 20:45 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Да потсетиме, Ливерпул во вторникот ја совлада Бенфика во Португалија со 1:3 во второто четвртфинале од Лигата на шампионите.