Connect with us

Фудбал

Имало тајна средба, донесена одлука за иднината на украинскиот фудбалски гигант

Во Украина се запре, борбата за живот е поважна од се, па и самиот спорт падна во втор план. Големи последици ќе има и фудбалот во Украина, чие првенство заврши на првиот ден од инвазијата. Тоа беше прекинато во моментот кога Динамо беше втор, а Шахтјор прв на табелата со два бода повеќе.

Според украинските медиуми, ситуацијата во киевскиот гигант е страшна, но се одржала тајна средба помеѓу сопственикот на клубот Игор Суркис и тренерот Мирчеа Луческу и биле донесени важни одлуки во врска со иднината на клубот.

Странските играчи си заминаа од украинските клубови, а Киевчани останаа без поголем дел од квалитетните играчи. Изминативе денови беше објавена информација дека сопственикот на Суркис и неговиот брат избегале од Украина, дека со себе понел поголем дел од својот имот и богатство, што ја доведе во прашање иднината на Динамо.

Покрај тоа, навивачите на Динамо го обвинуваат семејството на сопственикот дека е проруско. Сепак, украинскиот портал Sport.ua смета дека грижата на навивачите е непотребна и дека одлуките кои биле охрабрувачки се донесени на тајна средба.

Сузркис наводно му ветил на Луческу дека нема намера да се повлече од финансирањето на клубот и дека ќе издвои соодветни средства за обнова на тимот за да може да продолжи да се натпреварува и нормално да функционира по војната.

Во меѓувреме, фудбалерите на Динамо, барем тие што останаа, на 12 април на стадионот на Лазиенковкса 3 ќе одиграат пријателски натпревар со Легијата од Варшава, а натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер и под слоганот: „Натпревар за Мир“.