Connect with us

Фудбал

Ќе се тресе цела Англија, в недела големото дерби, Манчестер Сити-Ливерпул, еве што вели Клоп

Манчестер Сити е лидер во Премиер лигата со 73 бодови, втор е Ливерпул со 72. Токму овие две екипи во недела го играат големото дерби со почеток во 17:30 часот. Било која од двете екипи да победи нема да биде ништо решено со оглед на тоа дека до крајот остануваат уште осум кола. Сепак, победата и тоа како ќе значи во трката до крајот.

„Ако победиме ќе водиме со два бода, ништо нема да биде готово. Ако загубиме ќе заостанеме четири бода. Мислам дека Сити нема да мисли дека станува шампион доколку победи. Тоа е многу важен натпревар, со нетрпение го очекуваме. Ова е еден од најголемите предизвици во фудбалот. И да имаше десетина бодови разлика, сепак ќе беше одличен натпревар, но нешто ќе му недостигаше“ – изјави германецот, па поентираше.