Фудбал
Бил во автомобилот кога загинала неговата мајка-некогаш ја барам на трибините, но ја нема!
Жоао Кансело на почетокот на кариерата доживеа голема трагедија за која се уште е многу тешко да зборува.
Португалецот не дава чести интервјуа, но овој пат реши да проговори за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед. Кансело игра одлично оваа сезона, но на фановите не им беше јасно зошто речиси никогаш не се појавува пред камера.
Кансело не сака да зборува за приватниот живот бидејќи на почетокот на кариерата доживеа трагедија од која се уште не се излечил.
Имено, кога имал 18 години, неговата мајка Филомена загинала во сообраќајна несреќа, а тоа тешко го потресе семејството Кансело. Таа го однела нивниот татко на аеродромот во Лисабон, а тој и неговиот брат биле во автомобилот кога дошло до несреќа во која ја загубиле својата мајка.
Кансело потоа играше за Б тимот на Бенфика и допрва требаше да се докажува на теренот. Смртта на неговата мајка го потресе, но професионално дебитираше за Бенфика само една година подоцна.
Ретко зборува за смртта на мајка му Филомена, но овој пат реши да си ја отвори душата и да каже се што не било во претходните години.
-Кога ја изгубив мајка ми, се чувствував на самото дно. Тогаш се чувствував како робот кој ја работи мојата работа, потоа си одам дома и не излегувам никаде и така ми поминуваа деновите. Кога ја изгубив мајка ми, не уживав во фудбалот и играв затоа што морав. Тоа беше многу тежок период за мене“, изјави Кансело и продолжи.
“Бенфика постојано ми се јавуваше да види како сум бидејќи тие секогаш веруваа во мојот потенцијал. Татко ми остави се малку да се смири и дури потоа разговараше со мене. Ми рече дека му требам нему и на брат ми и дека морам да има сила да продолжи да игра фудбал. Потоа мораше да остане со нас двајца и не се врати на работа во Швајцарија. Знаев дека треба да се вратам најдобро што можам и да го искористам она што ми го понуди фудбалот“.
“Решив да играм повторно и на почетокот не беше силно. Немав желба ниту сила да го сторам тоа, но тој разговор со татко ми промени сè. Љубовта кон фудбалот ми се врати и повторно почнав да се смеам. Тоа е живот. Без разлика на се, мораме да продолжиме иако губиме“.
“Би сакал да разговарам со мајка ми и да и кажам колку ни недостига и да види дека сум постигнал нешто во животот. Секогаш ми недостига и тоа нема да се промени. Кога сум во Португалија секогаш одам на нејзиниот гроб бидејќи го чувствувам како обврска секој пат.
“Таа беше голем дел од моето воспитување преку фудбалот. Таа доаѓаше на моите натпревари и ме гледаше. И сега понекогаш на Етихад се чувствувам како да е тука и ме гледа. Пред секој натпревар гледам на трибините и ја барам, но таа не е тука.