Connect with us

Фудбал

Оливер Кан за Левандовски: Па, не сме луди ние!

Ставот на Баерн е јасен. Тимот од Минхен нема намера да го продаде Левандовски, што го потврди и Оливер Кан пред натпреварот против Виљареал. -Ние не сме луди, зборуваме за тоа да дозволиме да замине некој играч кој постигнува од 30 до 40 гола секоја сезона. Тој сигурно ќе биде со нас уште една сезона“, изјави Кан.

Барселона најмногу инсистира да го доведе големиот Полјак и за него подготви договор вреден 30 милиони евра.

Наводно, самиот Левандовски, чиј договор истекува во 2023 година, побарал да си замине, но Кан синоќа ја затворил вратата на таа опција.

Прерано испаѓање во Лигата на шампионите сигурно ќе се одрази на Левандовски и ќе ја зголеми желбата за промена на средината, па останува да се види дали ситуацијата ќе се промени во наредните месеци.