Connect with us

Фудбал

Лука Модриќ на 36 години е вистински уметник, најдобар доказ за тоа е моментот по неверојатниот меч со Челзи

Лука Модриќ на 36 години е се, само не стар за фудбал. Хрватот брилјираше во реваншот против ПСЖ, а заедно со Карим Бензема беше најзаслужен за елиминацијата на фаворизираните парижани во осминафиналето од Лигата на шампионите. Следната пречка беше Челзи. Во првиот меч довецот Бензема – Модриќ ја донесе победата од 1:3, а во реваншот „Сините“ поведоа со 0:3 и ги фрлија „Кралевите“ на колена.

Потоа на сцена стапи Модриќ, кој го програ Родриго 1:3 со неверојатно додавање кое Рио Фердинанд го нарече „незаконско“ и враќањето на Реал Мадрид во игра, по што по продолженијата обезбедија и пласман во четвртфиналето.

Натпреварот беше проследен со огромни пофалби за хрватскиот играч за врска. На теренот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се случи момент кој најдобро ја покажува големината на Модриќ.

Имено, на теренот Модриќ го чекаше легендарниот Алесандро Дел Пјеро, кој сакаше да се поздрави со одличниот играч за врска на Реал.

Модриќ и Дел Пјеро си разменија неколку зборови, а Италијанецот го опиша Хрватот со еден збор: „Уметник“.

Инаку, по новата класика на Лигата на шампионите, УЕФА го прогласи Лука Модриќ за најдобар играч на натпреварот.