Connect with us

Фудбал

На него ќе се сетат постарите фанови и носталгичарите, но тешко некој да го препознае (ВИДЕО)

Некогаш големиот напаѓач од почетокот на овој милениум стана поинаква личност од појавата на коронавирусот до денес и тотално се промени до таа мера што стана непрепознатлив.

Името на Диего Тристан им е многу познато на фудбалските носталгичари. Тој е човек кој беше член на познатата генерација на Депортиво Ла Коруња во 2000-тите.

Одвреме-навреме во најсилните лиги се појавува клуб кој извесно време им пркоси на побогатите и поголемите. Така работеше Депортиво, кој кулминираше во 2004 година со пласман во Лигата на шампионите.

Една од ударните игли на тој тим беше Диего Тристан, кој во 2002 година беше најдобар стрелец во Ла Лига со 21 гол. Со Депортиво го освои Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија. Некогаш беше блиску до потпис за Реал Мадрид, но со доаѓањето на Флорентино Перез таа работа пропадна па тој замина во Депортиво каде на 254 натпревари постигна 111 голови.

Имав договор со Лоренцо Санз, но кога се појави новиот претседател, се се распадна“, откри тој за АС.

Мајорка, Ливорно, Вест Хем и Кадиз беа неговите следни места во кариерата. Тој се прости од фудбалот пред околу 10 години.

Времето си го направи своето, па оваа 46-годишна легенда изгледа непрепознатливо. Тој претрпе значителна промена со појавата на Ковид-19 кога беше прилично запоставен.

Тристан го живее својот живот денес, далеку од очите на јавноста. Вишокот килограми и брадата го прават непрепознатлив, понекогаш си поигрува со другарите и успева максимално да ја одржува формата.

Минатата година беше ангажиран во тренерската школа на Шпанскиот фудбалски сојуз. Работеше со играчи без клубови и кои се опоравуваат, но таа работа не траеше долго.

Инаку, Тристан играше со Шпанија на Светското првенство во 2002 година. За Црвената фурија забележа 15 настапи со четири постигнати гола.