Фудбал
Погба одбил 24 милиони евра годишно, само да го оствари сонот
Овој одличен француски репрезентативец веќе подолго време се поврзува со други клубови, а на крајот од сезоната му истекува договорот и како слободен играч има можност да избере каде сака да игра, секако под услов клубот да ги исполнува неговите финансиски барања. Еден од клубовите кои сега работат на доведување на Погба е богатиот ПСЖ, кој сака да донесе играч од средниот ред без договор на лето и да му понуди добра плата.
Според Ел Национал, Погба неодамна добил понуда од 24 милиони евра годишно за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, но светскиот шампион категорично одбил бидејќи нема намера да остане и сака да игра под својот идол Зинедин Зидан, за кој се прогнозира дека ќе биде нов тренер на Париз.
Погба, кој дојде во Манчестер од Јувентус, во последно време не блеска на Олд Трафорд, а претходно имаше многу критики од новинарите, навивачите и воопшто од англиската фудбалска јавност, поради што беше многу несреќен.
Дополнително, добра причина е амбицијата на ПСЖ конечно да ја освои Лигата на шампионите, но се верува дека Зидан е најголемата причина зошто Погба би можел да се пристигне во француската престолнина на лето.
Французинот играше за Јувентус од 2012 до 2016 година. Во Торино пристигна бесплатно, а „бјанконерите“ го продадоа на Јунајтед за 105 милиони евра.
Тој призна дека во последните сезони не се задоволувал со ништо, а за сите проблеми го обвини Жозе Мурињо, со кого почнале проблемите.