Фудбал
Судија против Бензема, кој ќе победи?! (ВИДЕО)
Карим Бензема го немаше вообичаениот ефект на натпреварот против Осасуна. Во победата на Реал од 1:3, одличниот Французин промаши два пенали. Одличниот голман на домашниот тим го „хипнотизираше“ Бензема и во двата наврати ги прочита неговите намери.
Искусниот напаѓач сезонава веќе промаши четири пенали, секој во 2022 година, па да беше попрецизен, неговиот учинок од 39 гола ќе беше уште подобар.
Сепак, иако не се запиша во редовите на стрелците на Бензема, придонесе за победата бидејќи му сервираше на Алаба при првиот гол, а направи и клучни потези кои доведоа до третиот гол.
Токму пред третиот гол Бензема се најде во несекојдневен предизвик бидејќи се „тркаше“ со судијата на мечот Рикардо Де Бургос Бенгоете.
Бензема се ослободи од топката и почна да спринтува. Интересно е што судијата трчаше паралелно со него. На изненадување на сите, главниот судија на натпреварот беше оној кој победи во овој дуел.
Иако судијата беше зад Бензема кога виде како се одвива акцијата, тој нагло забрза и на крајот го остави францускиот напаѓач.
Atentos al pique del juez. Se lo come a Benzema pic.twitter.com/pRZQoCwcu7
— Ksco Nieto (@KscoNieto) April 21, 2022