Фудбал
Барселона се опорави од шокот од Кадиз, минимална победа со еден удар во рамките на голот од противникот (ВИДЕО)
Екипата на Барселона брзо се опорави од шокот од Кадиз и поразот на домашен терен во минатотот коло од 0:1. Со истиот резултат вечерва славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад. Единствениот гол беше постигнат во раната фаза од мечот, а стрелец беше Обамејанг во 11-та минута. Според статистиката ова беше единствениот удар во рамките на голот на Реал Сосиедад кој го упатиле фудбалерите на Барселона, а вкупниот број на удари бил 11, но гостите не погодиле во голот на домаќинот.
Барса со оваа победа повторно е на второто место на табелата со 63 бодови исто колку и Севиља на третото место, а зад Реал Мадрид кој има 78 бодови по 33 кола.