Connect with us

Фудбал

Фрапантни податоци, без овој играч, Барселона не е истиот тим

Барселона синоќа повторно ги разочара навивачите и претрпе пораз со 0:1 од Рајо Ваљекано во преостанатиот натпревар од 21. коло на шпанската Примера.

По испаѓањето од Ајнтрахт во Лигата на Европа и поразот од Кадиз, тоа беше трет последователен пораз на Барселона на Ноу Камп.

Токму на полувремето од мечот против Ајнтрахт Педри излезе поради повреда, а шпанските медиуми се занимаваа со тоа колку е важен овој млад играч за врска за тимот на Чави и дојдоа до неверојатни податоци.

Со Педри во тимот, во Ла Лига, Барселона забележа 10 победи и две нерешени, т.е. 32 поени или просек од 2,67, а без него освои 31 во 21 натпревар, т.е. 1,48 по натпревар.

Со едноставна математичка пресметка дојдоа до заклучок дека доколку Педри играше и Барселона го имаше истиот тренд на освојување бодови со него во тимот, сега ќе беше прва на табелата со 10 бодови пред Реал Мадрид.

Исто така, без него таа би била седма и прашање е дали воопшто би ја освоила Европа.