Connect with us

Фудбал

Дали капитенот Хандановиќ не може да му прости на Раду за големиот кикс (ФОТО)

Сосема неочекувано Раду се најде на голот на Интер против Болоња наместо Хандановиќ кој беше на клупата. Извештаите велат дека ова било поради тоа што Словенецот се пожалил на болки во грбот.

Но, Романецот ќе го памети овој меч додека е жив бидејќи направи катастрофална грешка и практично е директен виновник за поразот на својот Интер, пораз кој може да ги чини и титула.

По мечот сите се обидоа да го утешат Раду, но не и капитенот Хандановиќ. Како што пишуваат италијанските медиуми, Словенецот при напуштањето на теренот воопшто не го ни погледнал својот колега, туку директно заминал во соблекувалните.

Инаку, Јонут Раду ги мина младинските селекции на Интер. Долго време бранеше на позајмица, па играше за Авелино, Џенова и Парма.

За Интер во кариерата настапуваше вкупно пет пати, но по синоќешната грешка тешко дека ќе се најде меѓу стативите.