Connect with us

Фудбал

Покетино ја откри неговата иднина, но и иднината на Килијан Мбапе? Дали е само желба или вистина?

Маурисио Покетино конечно стигна до трофејот во Лига 1 каде ПСЖ без преголема мака ја совлада слабата конкуренција.

Сепак, и покрај освоената титула шампион, голема е веројатноста 50-годишниот тренер да си замине од клупата на „светците“, а со ПСЖ се поврзуваат и многу други тренери. Сепак, аргентинскиот стручњак денеска истакна дека и следната сезона ќе ги води парижаните. Тој го најави своето, но и останувањето на Килијан Мбапе.

„Какви се шансите да останам во ПСЖ и следната сезона? Во моментов има 100 проценти шанси да останам. Јас и Килијан Мбапе исто така“, изјави тренерот на ПСЖ.

Килијан Мбапе и претходно беше поврзуван со Реал Мадрид. Наводно бил потпишан преддоговор, но ПСЖ прави се за да го задржи во своите редови.

Ако се суди според зборовите на тренерот на францускиот шампион, Мбапе ќе остане во клубот и тоа ќе ги израдува навивачите на овој тим.