Фудбал
Само во Бугарија, вакво „крадење на време“ не сте виделе (ВИДЕО)
Сте виделе се во судиското продолжение, на разни начини играчите се обидувале да „украдат време“ во случаи кога нивниот тим го имал посакуваниот резултат, но што се случи во бугарската трета лига досега не сте виделе.
Во дуелот со Балкан од Ботевград, Беласица постигна гол за водство од 2:1 во длабоко судиско надополнување, а фудбалерот на домашната екипа не сакаше ништо да препушти на случајноста. За време на прославата се преправаше дека е повреден, „грч во ногата“ со широка насмевка.
Кога го ставиле на носилки двајца искусни господа, по неколку секунди паднал и неколку пати се свртел. Ова секако предизвика гнев на противничките играчи, но натпреварот некако беше приведен до крај. Со конечен триумф на Беласица од 2:1.