Connect with us

Фудбал

Се обидуваа да се вратат, ама доцна…Погледнете ги сцените со навивачите на Реал кои порано го напуштиле стадионот на мечот со Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид со сензационален пресврт го совлада Манчестер Сити со 3:1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите губеа со 1:0 до 90. минута од натпреварот. Со оглед на тоа дека во првиот натпревар беше 4:3 за Сити, се чинеше дека Реал остана без финале. Меѓутоа, се случи чудо.

Родриго постигна два гола по продолжение за 2:1 и мораше да се игра 120 минути, а потоа Карим Бензема од пенал го донесе пласманотна мадридскиот тим во финалето. Во тоа време покрај стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се случуваа неверојатни сцени. Навивачите на Реал кои го напуштија стадионот пред крајот на регуларниот дел славеа како луди и се обидоа да се вратат на стадионот.

Но, тоа не им беше дозволено. Обезбедувањето не им дозволило повторно да влезат на стадионот, па морале да го следат натпреварот на мобилните телефони пред стадионот. Еден од нив си замина во 55. минута од натпреварот и ги објасни причините.


„Никогаш во животот не сум видел ништо посмешно од Реал Мадрид. Доаѓам на Бернабеу 24 години и ова е прв пат да си заминам порано“.
Реал Мадрид ќе игра против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите на 28 мај во Париз