Connect with us

Фудбал

Салах со порака до Реал Мадрид за финалето: Имаме нерасчистени сметки!

Мохамед Салах, асот на Ливерпул си ја исполни желбата и неговиот тим ќе игра во финалето на овогодинешната Лига на шампиони во Париз против Реал Мадрид. Натпреварот е закажан за 28 мај во Париз.

Ден откако Ливерпул во полуфиналето го победи Виљареал, а се очекуваше реваншот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, Египќанецот изјави дека го посакува Реал во финалето.

Салах се уште се сеќава на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2018 година од Киев, кога Реал победи со 3:1, најмногу благодарение на неразбирливите грешки на тогашниот голман на англискиот клуб Кариус.

На тој натпревар Мо мораше да го напушти теренот во 30. минута по грубиот старт на Серхио Рамос.

-Сега е време да се расчистат некои нерасчистени сметки“, изјави Салах откако го дозна името на ривалот во мечот за титулата најдобар во Европа.

Минатата сезона силите ги одмерија и Ливерпул и Реал. Потоа во четвртфиналето Мадрид повторно беше подобар и славеше со вкупни 3:1.

По поразот од Реал во финалето во 2018 година, Ливерпул го освои пехарот во Лигата на шампионите една година подоцна, кога во англиското финале беше подобар од Тотенхем со 2:0. Салах потоа го постигна првиот гол на натпреварот.