Фудбал
Ниту новиот газда не донесе среќа, Челзи испушти победа во 97-ма минута (ВИДЕО)
Челзи не успеа да победи иако имаше 2:0 предност против Вулверхемптон. Со головите на Лукаку во 56-та и 58-ма минута лондонските „сини“ дојдоа до голема предност и се доби впечаток дека мечот лесно ќе го решат во нивна корист. Сепак, Вулверхемптон во игра резултатски се врати во 79-та минута, а во моментите кога сите чекаа победа на Челзи, поточно во 97-ма минута шок на „Стемфорд Бриџ“ откако Тринкао погоди за 2:2.
Ниту новиот газда на Челзи кој го следеше мечот од трибините, Тод Биоли не донесе среќа. Челзи во текот на денешниот ден потврди дека Абрамович е продаде на Биоли.
Standings provided by SofaScore LiveScore