Фудбал
Суспендиран теренот на Шкендија, ја чека казна поради инцидентите на мечот со Шкупи
ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија поради инцидентите кои се случија на мечот со Шкупи изминатиот викенд. Клубот е предаден на Диспциплинската комисија која ќе одлучува за дисциплинските мерки за тетовскиот тим.
Изминатиот викенд на дербито со Шкупи се случија неколку инциденти. Прво беше каменуван судија и еден фудбалер, потоа имаше тепачка помеѓу фудбалерите, а пред влезот на стадионот кога пристигна делегацијата на гостите од Скопје исто така имаше инцидент при што имаше и повредени.