Connect with us

Фудбал

Лудница на „Гудисон Парк“, Евертон од 0:2, до победа од 3:2 и опстанок во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон го победија тимот на Кристал Палас со 3:2 во преостанатиот натпревар од 33. коло на Премиер лигата. Евертон имаше шанса со победа да обезбеди опстанок на едно коло пред крајот од сезоната, но избраниците на Френк Лампард под голем притисок исклучително лошо го започнаа натпреварот и по првото полувреме внесоа очај кај навивачите на преполниот Гудисон Парк.

Французинот Жан-Филип Мате го „забоде првиот нож во срцето“ на навивачите на Евертон со глава во 21. минута по слободен удар на Ебереки Езе.

Веќе во 36. минута беше 0:2. Голот го постигна искусниот напаѓач од Гана, Џордан Ају. Се чинеше дека славниот клуб од градот Ливерпул тргна на пат без враќање.

Сепак, очигледно Френк Лампард имаше што да им каже на своите играчи на паузата и домашните одиграа многу подобро во вториот дел.

Веќе во 55. минута Мајкл Кин ја преполови предноста на гостите, а потоа Бразилецот Ричардсон во 75. минута и израмни на 2:2!

Од тој момент почна да гори „Гудисон Парк“, а кога Доминик Калверт-Луин во 85. минута го постигна третиот гол за Евертон, воодушевената публика повеќе не издржа – полета во теренот и почна да слави.

За гостите од Лондон во 57. минута настапи и српскиот интернационалец Лука Миливојевиќ.

Standings provided by SofaScore LiveScore