Фудбал
Мајсторија на Барди, а потоа потврда на Николов за рутинска победа против Гибралтар (ВИДЕО)
Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во вториот меч од новиот циклус во Лигата на нации. Совладана е селекцијата на Гибралтар на гостински терен со рутински 2:0. Иако нашата репрезентација не брилјираше, сепак на крајот ја оправда фаворитската улога и запиша три бода.
Енис Барди со мала мајсторија, кога ја измеша одбраната на противникот, во 21-та минута погоди за 1:0, а потоа Николов ја потврди победата по едно невнимание на дефанзивата на Гибралтар.
Македонија по два меча со 4 бодови е лидер во групата пред Грузија која има 3 и Бугарија 1, но и двете селекции имаат натпревар помалку, оној меѓусебниот кој на програмата е вечерва.
Следните два меча Македонија ги игра на домашен терен, најнапред против Грузија на 9-ти јуни, а потоа на 12-ти против Гибралтар.