Connect with us

Фудбал

Откако „експлодираше“ следува богат договор, Винициус потпишува за десетина дена!

Благодарение на фантастичната сезона, Винисиус стана еден од најатрактивните фудбалери на денешницата, иако допрва треба да наполни 22 години. Мадридска Марка пишува дека се очекува Винисиус да потпише нов договор во следните десет дена откако ќе се договори за богат договор.

Навивачите на Реал можат да здивнат бидејќи Бразилецот нема да оди никаде, туку ќе остане во Реал и ќе ја продолжи соработката до 2026 или 2027 година.

Актуелниот договор му трае до 2024 година, а платата ќе му биде тројно зголемена, а од најниската категорија на плати во Реал ќе скокне во елитата.

Досега заработуваше 3,2 милиони евра годишно, а според новиот договор платата ќе му биде 10 милиони евра која може да се зголеми уште повеќе во зависност од резултатите.

Ќе се промени и откупната клаузула која од 350 милиони ќе скокне на една милијарда, што најдобро покажува колкаво значење му придаваат на Винисиус во Реал.