Connect with us

Фудбал

Тен Хаг барал тревата на „Олд Трафорд“ да се коси пониско, но добил „студен туш“ од луѓето задолжени за тревата

Тен Хaг го напушти Ајакс на крајот на сезоната бидејќи не можеше да одбие повик од Олд Трафорд. Свесен е дека во Јунајтед го чека огромен предизвик, но верува дека може да го исполни тоа што се очекува од него.

„Црвените ѓаволи“ треба да ги започнат подготовките за новата сезона на почетокот на следниот месец, а Тен Хaг веќе разработува план кој ќе им биде претставен на играчите по прозивката.

Сепак, Тен Хaг е многу загрижен за други работи бидејќи сака најдобри услови за својот тим. Така, тој имаше интересно барање до клупските челници бидејќи бараше луѓето кои се грижат за тревникот на Олд Трафорд и тренинг центарот на Јунајтед да ја косат тревата повеќе од вообичаено.

Тен Хaг не сака тревата да биде висока како порано на Олд Трафорд, па бараше секој пат да се сече на 1,5 сантиметар, како што тоа го правеа луѓето во Ајакс.

Тој објасни дека тоа одговара на стилот на фудбал што го негува и дека топката ќе оди побрзо. Меѓутоа, луѓето кои се грижат за одржувањето на тревникот морале да го разочараат Тен Хaг и да му кажат дека тоа нема да биде возможно.

Имено, тие јасно истакнаа дека тревата мора да биде на висина од 2 сантиметри поради временските услови во Манчестер, бидејќи сметаат дека би имало големи проблеми со одржувањето во зима доколку е пократка од тоа.