Connect with us

Фудбал

Неверојатни сцени, навивачи влетале во соблекувалната, сакале да се пресметаат со играчите поради лошите резултати (ВИДЕО)

Навивачите во Јужна Америка се неверојатни фанатици кога е фудбалот во прашање и тоа уште еднаш го покажаа. Од Бразил ни пристигнуваат неверојатни сцени од тренингот на локалниот клуб Ботафогo кој во последно време игра во многу лоша форма. Навивачите очигледно не можат повеќе да ги трпат очајните резултати на својот тим и решија да реагираат, а упатија јасно предупредување до играчите на овој клуб дека конечно мора да почнат да освојуваат бодови.

Имено, по вчерашниот тренинг на Ботафого, група навивачи на овој клуб втрчале во соблекувалната да се пресметаат со играчите.

Тие им одржаа предавање на играчите поради слабите резултати, па дури и физички се обидоа да се пресметаат со нив, но за среќа тоа не се случи.

На крајот некој од клубот повикал полиција, која морала да реагира и пристигнала пред да се случи поголем инцидент, а на крајот ги избркала навивачите од просториите на бразилскиот клуб.

Ботафого загуби четири последователни натпревари во Серија А, а моментално е речиси на дното на табелата. Освоија само 12 бода од 11 натпревари, а капката што ја прели чашата беше поразот од Аваи во понеделникот со 1-0.