Connect with us

Фудбал

Обезбеден потписот на Рамзи

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) ќе излези како победник во трката по потписот на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи.

Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а пред неколку недели потврди дека нема да ја продолжи соработката со клубот од “Емирати”. Освен баварскиот гигант, кој според англиските медиуми излезе победник во трката по неговиот потпис, интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед.